Манчестер Јунајтед е во потрага по напаѓач во зимскиот преоден рок, а последните информации од Островот се дека „црвените ѓаволи“ би можеле да добијат засилување од Кина.
Имено, „Мирор“ пренсува дека бившиот напаѓач на Ватфорд, Одион Игало би можел да се пресели на „Олд Трафорд“ до крајот на преодниот рок.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Манчестер Јунајтед сака да го донесе на позајмица до крајот на сезоната 30-годишниот Нигериец, кој моментално игра во кинескиот Шангај Шенхуа.
Игало една година е во Кина каде за Шангај одигра 19 меча и постигна 10 гола, а сега би можел да се врати на Островот.