Светот се уште се созема од големата трагедија која се случи во неделата во која животот го загуби спортската легенда Коби Брајант.
Заедно со Коби во авионот имаше уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата ќерка и ниту еден од нив не го преживеа падот на хеликоптерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Брајант хеликоптер како превозно средство користеше уште од времето кога беше играч. Во една прилика тој објасни и дека тоа не го прави за да се фали со своето богатство туку затоа што му било потреба. Во Лос Анџелес владее голем метеж и одењето на тренинзите и натпреварите може да одзема многу време, дополнителен проблем е што во метежот сигурно би се појавиле и фанови кои сакаат да се сликаат и да добијат автограм од големата ѕвезда.
Денес медиумите во САД повикувајќи се на извори блиски до семејството Брајант пишуваат дека Коби и неговата сопруга Венеса имале договор ако е можно секогаш да избегнуваат двајцата да летаат со хеликоптер не сакајќи да ги остават нивните деца без двајца родители.