Во ноќта кога целиот свет тагуваше во НБА се играа натпревари.
НБА донесе одлука и покрај трагичната смрт на Коби Брајант закажаните натпревари да не се одложат. Вчера се играше во Детроит, Кливленд, Денвер, Филаделфија, Минеаполис и Сан Антонио.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Статистичарите денес дојдоа до заклучок дека по игра на случајност Трае Јанг и Девин Букер, кошаркари кои растеа со Брајант како идол заедно уфрлија 81 поен. Трае уфрли 45, а Девин 36 поени.
Исто толку поени самиот Коби постигна во Торонто на 22. јануари 2006 година.
За работата да биде по чудна Јанг и Букер имаа по 24 обиди од игра, бројот кој Коби го носеше во поголемиот дел од кариерата. Покрај тоа Јанг имаше и 81% на шут од слободни фрлања што повторно не враќа на тие 81 поени.
Бројките сега ништо не вредат, но 8, 24 и 81 се бројки кои секогаш ќе не потсетуваат на еден од најголемите на сите времиња.