Легендарниот стопер од ерата на Сер Алекс Фергусон, Рио Фердинанд е прилично активен на социјалните мрежи, а сега со еден твит можеби најави големо засилување за Манчестер Јунајтед.
Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра топло-ладно, а навивачите очајнички посакуваат засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Едно од имињата кои се поврзуваше со „Олд Трафорд“ е соиграчот на Стефан Ристовски од Спортинг, Бруно Фернандеш. Овој играч со недели се поврзуваше со преминување во Манчестер Јунајтед и многумина веруваа дека е се завршено, но на крајот до трансфер не дојде.
Меѓутоа сега Фердинанд можеби најави нешто со неговиот последен твит. Знае ли нешто повеќе?
Brunoooooooooooo ⏳⌚️
— Rio Ferdinand (@rioferdy5) January 10, 2020