Реал Мадрид ќе биде без Бензема, Бејл и Азар на денешниот меч од Суперкупот против Валенсија, а тоа ќе отвори простор за Лука Јовиќ во првиот тим.
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан има голема доверба во српскиот голгетер и тврди дека Јовиќ е иднината на Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јовиќ секако дека е опција. Тој е иднината, мора да биде смирен, тој учи. Тој е момче кое сака да учи и е многу добар. Ќе даде многу голови. Ние го подржуваме и морате да бидете смирени со него. Убеден сум дека во иднина ќе постигне многу голови за Реал“, истакна Зидан.
„Новиот формат на Суперкупот не ја променува нашата цел, а таа е да го освоиме трофејот. Се радуваме дека учествуваме на овој турнир, овде не дојдовме на екскурзија, тука да се бориме за трофеј“, додаде Зидан.
?? #Zidane: "Las sensaciones son buenas. Estamos preparados para hacer un buen partido."#RMSuperCopa | #HalaMadrid pic.twitter.com/dmlHaezFzA
— Real Madrid C.F.⚽ (@realmadrid) January 7, 2020