И денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот – следете не и бидете во тек.
-Црвена Звезда го продаде својот најдобар фудбалер Марко Марин во Саудиска Арабија. Ал Ахли за неговиот потпис плати 2,5 милиони долари.(тука)
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
-Манчестер Јунајтед и Интер спремаат спектакуларна трампа. „Црвените ѓаволи“ го нудат Погба во замена за Лаутаро Мартинез.(тука)
-Лампард понуди 70 милиони евра за Давид Алаба, но Баерн Минхен експресно ја одби понудата.(тука)
ГОТОВО: Реал Мадрид го договори трансферо на младиот Бразилец, Реинер Жесус од Фламенго. „Кралевите“ за неговиот потпис ќе платат 30 милиони евра.(тука)
-Карло Анчелоти инсистира во Евертон да го донесе играчот на Реал Мадрид, Хамес Родригез.
Carlo Ancelotti has backed a bold Everton move to bring Real Madrid playmaker James Rodriguez to Goodison Park on loan. (Source: Sunday Mirror) pic.twitter.com/tDGLrGfaeC
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 5, 2020
-ГОТОВО: Едисон Кавани пристигнува во Атлетико Мадрид. Двете страни постигнаа комплетен договор, а истиот ќе биде потпишан на 1-ви февруари. Уругваецот ќе пристигне како слободен агент од ПСЖ, а ќе стави потпис на двегодишен договор.
-Милан и Барселона постигнаа договор за трансфер на младиот дефанзивец Тобидо. Французинот доаѓа на „Сан Сиро“ на позајмица до крајот на сезоната со право на откуп за 20 милиони евра.
-Неверојатна грешка: Барселона одбила да го донесе Ерлинг Халанд минатиот јануари.(тука)
-Манчестер Јунајтед спремил понуда за ѕвездата на Лестер, Џејмс Медисон, а како дел од трансферот може да биде вклучен и Џеси Лингард.
35-годишниот Емануел Адебајор би можел да го напушти Кајзериспор и да се врати во Премиер лигата во дресот на Астон Вила.
-Њукасл покажува силен интерес за напаѓачот на Милан, Криштоф Пјонтек и наскоро ќе испрати понуда на „Сан Сиро“.