Челзи игра солидно во првиот дел од сезоната, но Лампард сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Англиските медиуми тврдат дека најголема желба на Лампард е ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Алаба е поливалентен играч кој може да игра како лев бек, но и во средниот ред, па Лампард смета дека би бил идеално засиливање.
„Сините“ веќе спремиле понуда од 70 милиони евра, но експресно добија негативен од Баварците.
Тренерот на Баерн, Дитер Флик истакна дека не постои никаква шанса Алаба да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Chelsea boss Frank Lampard is eyeing an ambitious move to land £60m-rated Bayern Munich left-back David Alaba this month. (Source: Sunday Mirror) pic.twitter.com/p8mZW3Xpcs
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 5, 2020