Раководството на Црвена Звезда денес ги шокираше навивачите и го продаде најдобриот играч на тимот, Марко Марин.
Српскиот клуб одлучи да ја прифати понудата на пребогатите шеици од Саудиска Арабија и да го продаде Марко Марин во Ал –Ахли.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според неофицијалните информации, Црвена Звезда ќе добие отштета од 2.5 милиони долари,а останати детали од трансферот не се познати.
Марко Марин во Звезда дојде летото 2018 година, од Олимпијакос за 700.000 евра. Во 58 меча за „црвено-белите“ тој постигна 11 гола, а имаше и 24 асистенции.
Marko Marin is in the house! ??
— Al-Ahli Saudi Club (@ALAHLI_FCEN) January 5, 2020
Al-Ahli board led by President Ahmad Al-Sayegh reached an agreement with the German attacking midfielder
Marin will complete his transfer from Red Star Belgrade and sign his contract with Al-Ahli after passing his medical#AHLIFC pic.twitter.com/DnR7rYAcHc