Младиот бразилски талент и член на шампионскиот тим на Фламенго, Реинер Жесус е на чекор од Реал Мадрид.
Реал продолжува со политиката на купување на млади бразилски таленти, па после Винисиус и Родриго на „Сантиаги Бернабеу“ пристигнува уште еден бразилски „вундеркинд“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Реинер официјално ќе потпише за Реал на 19-ти јануари кога и ќе наполни 18 години и ќе стане полнолетен. Тој прво би бил дел од младинските категории на Реал или пак оставен во Фламенго уште една сезона.
Реинер важи за еден од најновите таленти на бразилскиот фудбал и му се предвидува светла иднина, а „кралевите“ за неговиот потпис на Фламенго ќе му плати 30 милиони евра.