Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и Интер спремаат спектакуларна трампа

Манчестер Јунајтед и Интер спремаат спектакуларна трампа

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Интер би можеле наскоро да направат спектакуларна трампа.

Познато е дека „црвените ѓаволи“ се силно заинтересирани за Лаутаро Мартинез, па се спремни во Милано да го испратат Пол Погба за да го добијат потписот на Атргентинецот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погба кој не сака да остане во Јунајтед, нема ништо против повторно да соработува со Антонио Конте кој му беше тренер во Јувентус, а исто така нема ништо против да потпише за најлутиот ривал на Јувентус.

Пол Погба изминатото лето постојано беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид или враќање во Јувентус, но на крајот остана на „Олд Трафорд“ и се уште инсистира да ја промени средината.

„Дејли Мирор“ тврди дека Јунајтед го понудил Погба на Интер но бара во трансферот да биде вклучен Лаутаро Мартинез, кој оваа сезона блеска во дресот на „нероаѕурите“.

Цената на Мартинез во моментов изнесува околу 110 милиони евра, а Манчестер за Погба бара 140 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Спектакл на повидок: Мбапе против Болт на 100 метри!

Килијан Мбапе преку изјава во француските медиуми изјави дека е подготвен да го прифати пр…