Фудбалерот на Милан, Давиде Калабрија се извини за прославата на роденденот по катастрофалниот пораз од Аталанта во неделата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Калабрија после тој пораз направи роденденска прослава, па доби лавина на критики од навивачите на Милан.
„Имам целосна одговорност и им се извинувам на оние што индиректно ги навредив, но тоа не беше мојата цел. Забавата беше организирана од многу одамна. Мојот роденден е 6 декември, но решив да го славам на 22 декември, кога започнаа зимските празници. Никој не можеше да предвиди таков пораз“.
„Покрај играч, јас сум исто така личност, како и сите вас. Се забавував затоа што тоа беше мојата роденденска забава, притоа скоро никогаш не поминав вечер заедно со сите. Затоа, нека бидат сите разумни и чувствителни. Конечно, сакам да истакнам, бидејќи некој ја доведе во прашање мојата заложба за овој клуб, никој не е „миланез“ повеќе од мене“, се огласи Калабрија.