Дома Фудбал Англија Готово: Анчелоти се договори, дебитира за Евертон на „Боксинг деј“

Готово: Анчелоти се договори, дебитира за Евертон на „Боксинг деј“

Карло Анчелоти постигнал договор со управата на Евертон, пренесуваат италијанските и англиските медиуми.

Италијанецот минатата недела го напушти Наполи, а синоќа беше објавено дека Анчелоти пристигнал во Англија на завршни преговори со „карамелите“.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Сега „Скај Спорт“ објави дека 60 годишниот стратег постигнал договор и дека се чека само официјализација. Во текот на денот или најдоцна утре Анчелоти ќе го раскине договорот со Наполи, а потоа ќе биде и официјално промовиран во нов тренер на Евертон.

Анчелоти ќе потпише 4 и пол годишен договор со Евертон, а ќе дебитира на клупата на 26-ти декември против Барнли.

Ова за Анчелоти ќе биде враќање во Премиер лигата со оглед на тоа дека работеше во Челзи од 2009 до 2011 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Олмо погоди, Шпанија доаѓа во водство🎥

После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија доаѓ…