Договорот на Златан Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истече, а се уште не е познато каде ветаранот ќе ја продолжи кариерата.
Ибрахимовиќ најмногу се поврзува со враќање во Италија, а откако Болоња отпадна од конкуренција во игра останаа Наполи и Милан, меѓутоа во Наполи дојде до промената на тренерската клупа, па сега не е познато дали Гатузо сака да соработува со Ибра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Идол на Ибрахимовиќ како што е добро познато во јавноста е „стариот Роналдо“, а сега тој откри кој му е омилен играч од активните фудбалери. И ако во минатото му бил Роналдо сега е човекот кој многумина го сметаат за наследник во светскиот фудбал на Бразилецот – Килијан Мбапе.
„Мбапе прави голема разлика на теренот и тој е мој омилен играч. Многу е млад и може уште да напредува ако продолжи да работи. На 19 години е голема ѕвезда и се надевам дека ќе ја задржи страста и желба на ова ниво. Најважно е неговата глава да остане ладна, а тоа е тешко кога ќе достигнеш такво ниво, посебно ако си млад“, изјави Ибрахимовиќ.