Дома Фудбал Англија Агентот на Анчелоти пристигна во Лондон на преговори, но НЕ со Арсенал

Агентот на Анчелоти пристигна во Лондон на преговори, но НЕ со Арсенал

Карло Анчелоти доби отказ од кормилото на Наполи, но очигледно нема долго време да остане без работа. Имено, неговиот менаџер утрово пристигнал во Лондон на преговори со клуб од Премиер лигата.

Анчелоти остана во Наполи само година ипол, а по отказот веќе започнаа шпекулациите за неговата следна дестинација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така, англиските медиуми пишуваат дека Арсенал и Евертон сакаат да го видат италијанскиот стручњак на својата клупа.

Според весникот „Сан“многу поконкретен интерес покажува Евертон, па менаџерот денес ќе има средба со раководството на „карамелите“.

Евертон игра лошо оваа сезона што резултираше со отказ на тренерот Марко Силва, па клубот сега е во потрага по нов тренер.

Евертон е спремен да му понуди на Италијанецот 2,5 годишен договор и значителен буџет за засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…