Мадридскиот весник „Марка“, кој е близок до Реал Мадрид открива дека Зинедин Зидан по секоја цена сака да го доведе својот сонародник Пол Погба во зимскиот преоден рок.
Французинот по секоја цена сака да го види Погба во својот тим и тоа во зимскиот преоден рок. Одолеваше Манчестер Јунајтед во текот на летото на понудите, па Реал остана без својата мета.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа сезона 26-годишниот играч за врска одигра само шест натпревари за Јунајтед поради проблеми со повредите.
Погба се очекува набрзо да се врати на терените, но неговата намера е што поскоро да го напушти „Олд Трафорд“, па и самиот инсистира да се пресели во Реал Мадрид.
Она што е проблем за Зидан е дека управата на Реал не се сигурни дали Погба би се вклопил во тимот и покрај тоа е играч од светска класа.
Притоа, „кралевите“ не се спремни да платат повеќе од 100 милиони евра, додека „црвените ѓаволи“ немаат намера да го пуштат за таа сума.