Дома Фудбал Англија Гвардиола ги откри плановите за својата иднина!

Гвардиола ги откри плановите за својата иднина!

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола истакна дека е отворен да остане во клубот и по завршување на неговиот договор во јуни 2021 година.

Шпанскиот стратег повторно беше запрашан дали сака да продолжи да го води Манчестер Сити. Тој веќе четврта сезона е на кормилото на „граѓаните“, а повеќе од тоа никогаш не останал во еден клуб.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Отворен сум за продолжување на соработката, да. Удобно ми е во овој клуб, но се зависи од резултатите. Кога си во некој клуб пет години, тоа зависи од резултатите. Ќе видиме што ќе се случи оваа сезона, а потоа и следната“, изјави Гвардиола.

„Сакам да ја видам реакцијата на своите фудбалери, околината… не е само да дојдам и да кажам дека останувам. Сакам да видам како функционираме заедно – тоа е поважно по пет години. Човек мора да почуствува сигурност и уживање на сите во клубот“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јамал го избра најдобриот тим на Барселона во историјата (Фото)

Талентираниот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал, го избра најдобриот состав на Барселона …