Како што пренесува „BBC“, играчот за врска на Манчестер Јунајтед е на чекор до продолжување на договорот со клубот.
Најверојтно Мурињо е задоволен од настапите кои оваа сезона ги прикажа 35-годишниот Мајкл Керик, па сака да му понуди нова соработка на играчот и наскоро би требало да го продолжи договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 35-годишен играч ја завршува 11. сезона во клубот, а на 4. јуни е закажан и натпреварот кој ќе се одигра во негова чест. Разговорите околку продолжување на соработката добро напредуваат и двете страни потврдија дека продолжувањето на соработката е речиси сигурно.
Керик своевремено пристигна од Тотенхем на „Олд Трафорд“ за 18,6 милиони фунти. Тој одигра 457 натпревари во сите натпреварувања за Јунајтед, што му овозможува да се најде на 17. место на вечната листа на „Црвените ѓаволи“. За тоа време, Керик постигна 24 гола во црвениот дрес.
Поранешниот репрезентативец на Англија освои пет титули во Премиер лигата, една Лига на Шампиони, ФА Куп и две Лига Купови за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“. Неговиот актуелен договор истекува за помалку од два месеци, односно на 30. јуни, а продолжувањето на соработката ќе биде за уште една година.