Жан-Клер Тодибо на почетокот на годината пристигна во Барселона како еден од најперспективните дефанзивци во Европа, но не може да се избори со конкуренцијата на „Камп Ноу“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Младиот Французин до сега запиша само два настапи за Барселона, а во јануари ќе се пресели во Бундеслигата.
Имено, Баер Леверкузен веќе го договорил трансферот на Тобидо и сега чека јануари за истиот да биде официјализиран.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека и англиски клубови биле заинтересирани за Тобидо, но „фармацевтите“ биле најбрзи.
Се уште не е откриена формулата на трансферот, но најверојатно Барселона во договорот ќе има опција да го врати на „Камп Ноу“ во наредните две години.