Дома Останати Тенис Циципас го елиминираше Федерер за финале во Лондон

Циципас го елиминираше Федерер за финале во Лондон

Роџер Федерер доживеа пораз од 17 години помладиот ривал Стефанос Циципас во првото полуфинале на завршниот Мастер во Лондон. Гркот славеше со 6:3 и 6:4.

Иако легендарниот Швајцарец беше голем фаворит Циципас одигра одличен меч и заслужено после два сета помина понатаму. Во финалето Циципас ќе игра против подобриот од Доминик Тим и Александар Зверев.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Федерер е рекордер по бројот на титули во последниот турнир во годината, а до мечот за пласман дојде со победа над големиот ривал Новак Ѓоковиќ. Во тој меч Роџер блескаше, меѓутоа денес не беше на тоа ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ погоден од трагедијата: Како Србинот се збогуваше од трагично настраданата колешка (Фото)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше првиот меѓу сите српски тенисери ш…