Дома Топ вести Ибра крена голема „прашина“ со пораката: Шпанијо, се враќам!

Ибра крена голема „прашина“ со пораката: Шпанијо, се враќам!

Како што стојат работите, Златан Ибрахимовиќ ќе биде една од главните теми во зимскиот преоден рок.

Иако има уште два месеци од договорот со Лос Анџелес Галакси, тој всушност е слободен играч со оглед на тоа дека неговиот тим ја заврши сезоната со испаѓањето во плеј-офот од МЛС лигата. 


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Многу клубови од Европа и Јужна Америка покажуваат инетерс за Швеѓанецот, меѓутоа денес Ибра го шокира фудбалскиот свет со пораката која ја објави.

„Поздрав Шпанијо! Погедете што има ново? Се враќам“, напиша Ибрахимовиќ и веднаш покрена лавина шпекулации за новиот клуб.

За него интерес покажуваат Интер, Наполи, Болоња, Фламенго, Бока Јуниорс… но до сега не беше поврзувам со клуб од Примера.

Ибрахимовиќ една година помина на Примера во дресот на Барселона, па дали станува збор за негово враќање во Шпанија како фудбалер, или нешто друго, останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…