Фудбалерите на Барселона денес требаше да го играат големото дерби против Реал Мадрид, но тој натпревар е одложен поради ситуацијата во Каталонија.
Ла Лига беше приморана да го одложи „Ел Класико“ кое требаше да се игра денес на „Камп Ноу“ во 13:00 часот. Двата големи шпански ривали место денес ќе играат на 18-ти декември.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради одложувањето натпреварот фудбалерите на Барселона добија одмор од неколку дена што сигурно добро ќе им дојде. Во центарот на вниманието се најде Антоан Гризман кој одлучи да отпатува нешто подалеку што не им се допадна навивачите.
Гризман во овој момент е во Њујорк каде што вчера го гледаше натпреварот помеѓу Бруклин и Њујорк Никси. На навивачите на Барселона не им се допадна и го критикуваат Гризман затоа што се одлучил да патува долку далеку во краток временски период.