Дома Фудбал Познати финалистите за наградата „Златно момче“

Познати финалистите за наградата „Златно момче“

Секоја година традиционално се доделува наградата „Златно момче“ за најдобриот млад играч во Европа, во организација на италијанскиот весник „Тутоспорт“.

„Тутоспорт“ денес ги објави финалистите кои ќе се борат за престижната награда.

Во изборот можат да учествуваат само фудбалери помлади од 21 година, а минатата година наградата заврши во рацете на Матијас де Лихт.

Оваа година за нагрдата ќе се борат 20 фудбалери, а меѓу фаворитите се Жоао Феликс, Џејдон Санчо и Винисиус Јуниор, а победникот ќе биде прогласен на 16-ти декември во Торино.

Во поширокиот список беше и нашиот „дијамант“ Елиф Елмас, кој не влезе меѓу финалистите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Станојевиќ со јасна порака до играчите: Прво почит кон грбот на Партизан!

Пред дуелот со Земун, тренерот на Партизан ги постави приоритетите: одговорност кон клубот…