Дома Фудбал Останато Неверојатните животни навики на Роналдо (видео)

Неверојатните животни навики на Роналдо (видео)

Кристиано Роналдо и на 34 години е еден од најдобрите фудбалери во светот. Добрата форма и совршеното тело ги одржува со неверојатни животни навики.

Роналдо е секогаш на стриктна диета

Ѕвездата на Јувентус секогаш внимава што јаде, како и на количината на порцијата. Исто така, секогаш го има испланирано енот, како ќе го помине времето помеѓу тренингот и одморот.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Кристиано јаде шест оброци дневно, а неговите оброци содржат воглавно протеини и јаглехидрати. Во менито често има пилешко секогаш спремно без масло и сол.

Единстен пијалок кој Кристиано го внесува е вода. Исклучок е доручекот кога пие овошен сок направен од портокал или ананас, а апсолутно сите нездрави работи кои многу луѓе ги користат за него се „пречкртани“.

Детално му е испланиран тренингот

Покрај тренингот со тимот, Роналдо секогаш си следи и сопствена програма на тренинг која изгледа интересно.

Пет пати неделно тој посетува теретана, а во контекс на тие тренинзи има пилатес и пливање. Често пати личните тренери му укажуваат дека не смее да се форсира премногу, но неговите физички можности се се уште непознати, дури и за професионалци кои со години тренинраат многу спортисти.

Сонот е важна работа во неговиот живот. Задолжително спие осум часа, а пробува да заспие и да се разбуди во исто време. Исто така, после четвртиот оброк има кратка дремка, која се покажала дека има бројни здравствени предности.

Спартанска дисциплниа и тренинг со строг режим на исхрана се клуч на моменталната форма на Роналдо, кој иако има 34 години самиот потврдува дека неговото тело е како на 25-годишник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познатата фотографија на Ибрахимовиќ сега стана ковер за видео игра (Фото)

Се сеќавате ли на познатата фотографија од младиот Златан Ибрахимовиќ како лежи на својот …