Oд 19:00 часот се одиграа првите натпревари од денешната програма во Лигата на шампионите.
Борусија Дортмунд потешко од очекуваното славеше против одличната Славија во Прага со резултат 0:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако Чесите немаа среќа при извлекувањето на групата во која се уште Барселона и Интер вечерва покажаа дека нема да се предадат лесно. Први се заканија гостите преку Санчо за потоа на спротивната страна да возврати Масопуст.
Во 35-тата минута следуваше вистинско шоу на Ашраф Хакими. Хакими после една одлична соло акција и претрчан скоро цел терен го издрибла и голманот и ја погоди мрежата.
Не се предаваа домаќините и создаваа шанси преку Кудела и Шевчик. Сите дилеми околу победникот беа отстранети кога Хакими во 89-тата минута стрелаше за 0:2.
Наполи не ја оправда улогата на фаворит во Белгија и против Генк одигра само 0:0. Во овој натпревар нашиот Елиф Елмас беше стартер и на теренот беше се до 57-та минута кога на негово место влезе Дрис Мертенс.
Елмас во овој натпревар на полувремето беше и играчот кој најмногу претрчал.