Љубителите на фудбалот сигурно се сеќаваат на Габриел Барбоса – Габигол.
Габигол во 2016 година пристигна во Интер за сума од 30 милиони евра и од него се очекуваше да биде новата бразилска ѕвезда. Се најавуваше како големо засилување, но во Интер не покажа ништо. Во дресот на „нероаѕурите“ одигра само девет натпревари и постигна еден гол.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интер го испрати на позајмица во Бенфика, но и таму не се прослави. За португалскиот тим Габигол одигра само пет натпревари и еднаш се запиша во листата на стрелци.
После неуспешната авантура во Бенфика се врати во Сантос и таму како да се појави друг играч. Габигол одигра 53 натпревари и постигна 27 голови. Таквите настапи го убедија Фламенго да го доведе и во овој клуб не згрешија.
Габигол сезонава за Фламенго одигра само 15 натпревари и постигна 16 голови!
После ваквите настапи Габигол доби повик од селкторот Тите за пријателските натпревари на Бразил против Сенегал и Нигерија.
Сега медиумите најавуваат дека Антонио Конте сериозно размислува да го врати во Интер.
Конте во текот на летото сакаше да доведе двајца напаѓачи. Планот беше доведување на Лукаку и Џеко, но на крајот Џеко остана во Рома. На Интер му е потребен уште еден класичен напаѓач и според информациите Конте е сериозен да го врати Габигол во јануари.