Во последно се повеќе се шпекулира за тоа дека Зинедин Зидан би можел да добие отказ на клупата на Реал Мадрид.
„Кралевите“ пред неколку дена доживеаа убедлив проаз од ПСЖ во Лигата на шампионите со 3:0 после што се појавија информации дека Флорентино Перез размислува да направи промена на клупата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми објавија дека постои шанса на клупата да се врати Жозе Мурињо, но Португалецот тоа го демантираше. Зидан на денешната прес конференција не сакаше да зборува за потенцијалниот отказ.
Реал Мадрид утре има тешко гостување кај Севиља, а пред овој натпревар, новинарите најмногу ги интересираше што мисли за можноста да добие отказ.
„Вие дојдовте тука да зборувате за можен отказ, но мене ме интересира само една работа и тоа е утрешниот натпревар. Не се замарам со она што се случува надвор од клубот. Не чека тежок натпревар, Севиља е опасен тим, но играчите се спремни да дадат максимум и да дојдат до победа“, изјави Зидан.