Дома Фудбал Лига на шампиони Интер во 92-ра минута се спаси од катастрофа против Славија (ВИДЕО)

Интер во 92-ра минута се спаси од катастрофа против Славија (ВИДЕО)

Интер ги шокираше своите навивачи на стартот од Лигата на шампионите, но за нивна среќа на крајот извлекоа барем бод (1:1).

Славија е аутсајдерот во групата на Барселона, Борусија и Интер, но чешкиот шампион уште на стартот покажа дека може да им ги расипе сметките на гигантите. Всушност на Интер веќе му направи проблеми.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од самиот почеток се виде дека гостите од Прага немаат страв од Интер и дека се дојдени да се надигруваат.

Интер најдобрата шанса ја имаше преку Лаутаро Мартинез, а во продолжението италијанскиот тим едвај ја поминуваше половината на Славија.

Водечкиот гол на натпреварот го постигна Олајник во 63-тата минута. Одбиената топка ја заби зад грбот на Хандановиќ, а ВАР само го потврди погодокот.

Интер во последните 20 минути нападна, но не креираше вистински шанси, за во 92-та минута сепак да стигнат до изедначување. Сенси погоди пречка од слободен удар, топката дојде до Барела кој успеа да постигне гол.

Во вториот натпревар кој се играше во терминот од 18:55 часот Лион и Зенит одиграа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Големо враќање на триото: Интер Мајами сака повторно да ги обедини Меси, Нејмар и Суарез

Интер Мајами, клуб од МЛС лига кој е во сопственост на Дејвид Бекам, наскоро би можел да с…