Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ: Лесно е да постигнувате голови, само треба да бидете како Златан (ВИДЕО)

Ибрахимовиќ: Лесно е да постигнувате голови, само треба да бидете како Златан (ВИДЕО)

Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа на свој терен го декласираа Спортинг Сити со 7:2, а повторно блескаше неверојатниот Златан Ибрахимовиќ.

Галакси немаше милост против Спортинг, кој дојде до предност со голот на Гутјерез во 24. минута, но после тоа доживеа вистински потоп. Домашниот тим изедначи веќе во 32. минута кога Ибра промаши пенал но на крајот успеа да ја смести топката во мрежата за 1:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во второто полувреме видовме седум погодоци. ЛА Галакси до пресврт стигна во 48. минута, а вториот погодок на натпреварот го постигнува Ибра.

Потоа Антун во 69. минута зголеми на 4:1, а потоа на сцена стапи Летгет кој со два гола и донесе предност на домашната екипа од 6:1. Конечниот уда на гостите го зададе Ибрахимовиќ кој запиша хет-трик и погоди за 7:1. Спортинг во самиот финиш успеа да дојде до втор погодок, а повторно стрелец беше Гутјерез.

Што се однесува до Ибрахимовиќ, тој сега на контото има 25 погодоци и постави рекорд на клубот. Ибра е првиот играч на ЛА ГАлакс кој во една сезона постигнал 25 погодоци. До крајот има уште многу да се игра и сигурно таа бројка ќе биде уште повисока.

После натпреварот Ибра даде изјава во свој стил.

„Лесно е да постигнувате голови само треба да бидете како Златан. Се обидувам да помогнам на својот тим. Морам така да продолжам. На овој натпревар сите завршивме добра работа“, изјави Швѓеанецот.

Во овој момент тимот од Лос Анџелес се наоѓа на петтата позиција на Западот со 14 победи, 13 пораз и три нерешени натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…