Вчера почна шпанското фудбалско првенство за жени, а уште во првото коло беше одиграно „Ел Класико“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона славеше со високи 9-1, па ја оправда фаворитска улога на теренот.
Најдобра беше Хермосо, која постигна три гола, Аитана постигна два, додека мрежата на Реал ја погодуваа и Путелас, Мариона и Грахам, додека Лусија Суарез ја затресе сопствената мрежа.
Реал Мадрид на барање на публиката формираше женски тим, откако ја купи лиценцата од Депортиво Такона.
Под тоа име ќе се натпреварува сезонава, а од следната официјално ќе стане Реал Мадрид.