Дома Фудбал Бензема: Јас бев основата на триото „BBC“

Бензема: Јас бев основата на триото „BBC“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема проговори на успешното партнерство што го имаше со Кристиано Роналдо и Герет Бејл во нападот на тимот.

Французинот зборуваше за неговата улога во триото, кое беше познато и како „ВВС“.

„Имавме ракета – Герет Бејл и топ стрелец – Кристиано Роналдо, и јас го покривав просторот меѓу нив, така ја правев целата оваа работа можна. Тогаш Кристиано беше тој што ги завршуваше нападите. Имав различна улога“, открива Бензема.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Бев одговорен за нивно градење и обид да отворам места. За мене тој беше најдобриот стрелец, иако играше на левата страна. Јас се повлекував, за да му дадам простор и да му дозволам да постигнува голови“, додаде Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…