Второто коло на Светското првенство во Кина го донесе првото големо изненадување. Германците се соочија со елиминација уште во фазата по групи откако денеска доживеаја изненадувачки пораз од Доминикана (70:68)
Германија во Г групата го доживеа вториот пораз, па остана без шанси за пласман во следната фаза.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Карипската репрезентација во возбудлив и неизвесен натпревар славеше со 70:68 обезбедувајќи си место во осминафиналето бидејќи ова им е втора победа.
Најефикасен на натпреварот беше Германецот Денис Шредер со 20 поени, додека Доминиканците Виктор Лис и Елој Варгас постигнаа 17 односно 15 поени.
Пласман во втората фаза денес обезбеди и Австралија откако го совлада Сенегал со 81:68. Први победи остварија Нов Зеланд над Црна Гора (93:83) и Чешка над Јапонија (89:76).