Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде е изморен од шпекулациите за Нејмар и едвај чека да се заврши преодниот рок.
Трансферот на Нејмар е во центарот на вниманието веќе подолго време. Вчера информациите беа дека трансферот е пред реализација, а веќе денес медиумите тврдат дека трансферот пропаднал.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Валверде денес зборуваше на пресконференција пред мечот со Осасуна, па новинарите неизбежно му го поставија прашањето за евентуалниот трансфер на Нејмар.
„Нејмар? Сакам што побрзо да се затвори трансфер пазарот и сето ова да заврши. Се уморив од оваа тема, трпението ми е на 9,5 на скалата до десет. Треба да се одморите од ова бидејќи трае премногу долго. Нема што да кажам конкретно за Нејмар, бидејќи тој е фудбалер на друг клуб“, изјави Валверде.
Тренерот потоа зборуваше и за Ракитиќ, кој требаше да биде дел од трансферот на Нејмар.
„Иван е одличен фудбалер кој одиграл многу натпревари за Барса и во моментов ништо не укажува дека нема да продолжи да игра за овој клуб. Минатиот натпревар не играше, но сезоната е долга и има време сите да играат“, закклучи Валверде.