Дома Топ вести Мадрид повеќе не му верува на Зидан!

Мадрид повеќе не му верува на Зидан!

Зинедин Зидан повеќе не е недопирлив во Реал Мадрид, објави „Марка“ денес на својата насловна страна.

Двата изгубени бода во натпреварот со Ваљадолид се причина за паника во Мадрид. Иако сезоната само што започна, Реал е место каде што неуспесите не се простуваат. Минатата катастрофална сезона едвај ја преживеаа, а никој во клубот не сака да помисли дека може да им се случи уште една таква.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Зинедин Зидан беше вратен на клупата за да ја спаси ситуацијата, но после само две кола во новата сезона веќе не е толку сигурен на таа местото тренер како до пред две недели.

Мадритската јавност изрази незадоволстов. Пред се поради играта на Зидан и форсирањето на староседелците на кои поголемиот дел гледаат како на проблем, а не како решение. Публиката на „Бернабеу“ очекуваше некој нов Реал, Зидан не направи ништо за такво нешто да се случи и луѓето се повеќе губат трпение.

Францускиот стратег е тврдоглав и верува во играчите кои му донесоа три европски титули во низа. Сепак, тешко е да се очекува дека Рамос, Марсело и Модриќ можат да ја изнесат сезоната на својот грб.

„Марка“ со оваа насловна покажа дека Мадрид повеќе не му верува на Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ го известил Реал дека сака да остане во клубот

Лука Модриќ еден од најзаслужните фудбалери на Реал Мадрид за петте титули во Лигата на ша…