Герет Бејл ова лето сите веќе го преселија од Реал Мадрид, но на крајот се случи голем пресврт и Велшанецот остана во клубот.
Зинедин Зидан изјави дека Велшанецот сака да остане во клубот и дека во Мадрид сметаат на него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бејл имаше лоша сезона зад себе и во текот на летото се поврзуваше со многу клубови, а беше и на чекор да се пресели во кинескиот Џиангсу Сунинг, но Реал во последен момент го стопираше неговиот трансфер иако Бејл веќе отпатува во Кина.
Сега во Реал му остануваат уште три години од договорот и работите се променети Зидан смета на него.
Новинарите го прашаа Зидан што се променило толку, а Французинот даде краток одговор.
„Она што се промени е желбата на играчот да остане, ништо повеќе. За нас најважно е еден играч да сака да остане. Сега е многу кажано за оваа ситуација, зборував и порано, сега ќе кажам само дека ние сметаме на него“, изјави Зидан.