За викендот започнува новата сезона во италијанското првенство. Официјално новата сезона во Серија А се отвара на „Енио Тардини“ со натпреварот помеѓу Парма и шампиониот Јувентус.
На „Енио Тардини“ ќе „дебитира“ и новата топка за Серија А.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Имено, „Најк“ спреми нов модел „Мерлин“ топка за италијанскиот шампионат, а интересен е дизајнот кој во главно наиде на одобрување кај љубителите на фудбалот ширум Апенините.
Серија А новата топка ја претстави на своите официјјални профили на друштвените мрежи.
Веднаш после натпреварот помеѓу Парма и Јувентус љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат и во едно дерби помеѓу Фиорентина и Наполи. Ние се надеваме дека Наполи во овој натпревар ќе дебитира Елиф Елмас.
