Дома Фудбал Дембеле криел дека е повреден го исклучил телефонот и си отпатувал за Сенегал

Дембеле криел дека е повреден го исклучил телефонот и си отпатувал за Сенегал

Барселона со многу проблеми влезе во новата сезона од Ла Лига бидејќи Ернесто Валверде остана без важни играчи.

Каталонскиот клуб во првото коло претрпе пораз од Атлетик Билбао со 1:0. Валверде поради повреда во тој натпревар не можеше да смета на Меси, а работата да биде полоша во првото полувреме се повреди и Луис Суарез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа тука не бил крајот на агонијата на Барселона. Имено, вчера е соопштеное дека на овој натпревар повреда заработил и Осман Дембеле кој поради истегнување на задната ложа ќе биде надвор од терените околу пет недели што е сигурно проблем за Валверде.

Во ваква ситуација за натпреварот за Бетис Валверде скоро и да нема решнија бидејќи клубот го напуштија Фелипе Кутињо и Малком. Дембеле беше платен околу 140 милиони евра и ова му е веќе шеста повреда од кога во е клубот.

Покрај тоа откако еден период се смири сега Дембеле повторно ги налутил луѓето во Барселона со своето однесување. Наводно, еден после поразот од Билбао Дембеле отпатувал за Сенегал.

Тој уште тогаш бил повреден, но криел од лекарсккиот тим и одлучил да оди за Сенегал. Мадритска „Марка“ пишува дека од лекарскиот тим во саботата закажале детални прегледи за да го проверат степенот на повредата, меѓутоа Дембеле не се појавил, а мобилниот телефон му бил исклучен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…