Дома Фудбал Англија На Покетино му кажаа дека Жозе ги смета за фаворити, а тој одговори: Знаете дека го сакам Мурињо!

На Покетино му кажаа дека Жозе ги смета за фаворити, а тој одговори: Знаете дека го сакам Мурињо!

Meнаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино имаше само пофални зборови за Жозе Мурињо.

Неодамна Мурињо зборуваше за потенцијалните кандидати за титулата во Англија и помеѓу фаворитите го смести и Тотенхем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Фаворити за титулата? Сити, Сити Б, Ливерпул и Тотенхем“, изјави Жозе во свој стил и тие зборови му беа пренесени на менаџерот на Спарси:

„Вау! Го сакам Жозе, го знаете тоа добро. Тој е паметен и понекогаш саркастичен. Затоа и е еден од најдобрите менаџери во светот и го почитувам неговото мислење. Секако дека сум благодарен затоа што менаџер како него верува дека имаме потенцијал да бидеме кандидати за титулата и тоа е навистина важно“, изјави Покетино и додаде:

„Имаме самодоверба и своја верба, но тој компплимент ни помага уште повеќе да веруваме во себе“, заврши Мурињо.

Тотенхем во првото коло ја совлада Астон Вила со 3:1, а во второто гостува кај шампионот Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…