Реал Мадрид и Арсенал одиграа фантастичен натпревар на Интернационалниот Куп на шампиони. „Кралевите“ успеаа да ги стигнат два гола негатива и на крајот победија после изведувањето на пенали.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот лошо започна за тимот од Мадрид. Начо веќе после девет минути игра мораше да го напушти теренот поради два жолти картони, а во 10-та минута Лаказет погоди од пенал за водство на Арсенал од 0-1.
Обамејанг во 24-та минута го постигна вториот погодок за Арсенал.Во финишот на првиот дел Сократис доби втор жолт и Арсенал остана без еден играч.
Ова Реал го искористи, па преку Бејл во 56-та и Асенсио во 59-та минута успеаа да дојдат до 2-2, но резултатот до крајот на регуларниот дел не се смени, па на пенали славеше Реал.
Лоша вест за Реал е што Асенсио во 65-та минута доживеа тешка повреда на коленото и се препоставува дека долго време ќе биде надвор од терените.
https://youtu.be/y8dRCqgDQb8