Дома Фудбал Зидан повторно за Бејл: Тој самиот не сакаше да игра против Баерн

Зидан повторно за Бејл: Тој самиот не сакаше да игра против Баерн

Реал Мадрид доби богата понуда за Герет Бејл, но Велшанецот повторно ги изненади бидејќи уште еднаш одби да замине од Сантијаго Бернабеу.

Бејл им прави огромни проблеми на Кралевите бидејќи не сака да го напушти клубот, иако во Реал напорно работат на негова продажба. Бејл одби богата понуда од Кина бидејќи сака да остане во Реал иако е свесен дека сигурно нема да игра во новата сезона.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Зидан во неколку наврати порача дека Реал не смета на Бејл за наредната сезона, но очигледно за играчот тоа не е проблем. Бејл пред неколку дена не играше на пријателскиот натпревар против Баерн, што е јасен показател во каква ситуација се наоѓа.

Откако многумина го критикуваа Зидан што јавно кажа дека Бејл не е во неговите планови и што не му даде шанса да игра против Баерн, францускиот стручњак повторно се огласи.

„Играчите се најважни и јас секогаш ќе бидам покрај нив. Што се однесува до Бејл реков дека клубот сака да го продаде и тоа е вистина. Бејл не играше против Баерн бидејќи тој не сакаше.“ – изјави Зизу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал сака асот на Челси, но нема да плати повеќе од 100 милиони евра

Енцо Фернандез, играч за врска на Челси и најскапиот играч во историјата на клубот, официј…