Дома Фудбал Англија Крауч со искрена порака се прости од фудбалот

Крауч со искрена порака се прости од фудбалот

Искусниот англиски напаѓач Питер Крауч денеска одлучи да објави крај на својата кариера.

Крауч кој има 38 години, пред неколку месеци премина во Барнли со кој му истече договорот на крајот од сезоната. Иако долго бараше нова средина, сепак на крајот одлучи да стави крај на кариерата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа информација ја сподели на социјалните мрежи.

„После многу размислување ова лето одлучив да се опростам од фудбалот. Нашата прекрасна игра ми даде се. Им благодарам на сите кои ми помогнаа да играм и кои ми помогнаа да играм толку долго.“ – изјави поранешниот играч на Ливерпул.

Крауч, кој е познат како искрен човек, па дури и на своја штета, на крајот даде една искрена изјава.

„Некој на 17 години да ми кажеше дека ќе играм на Светско првенство, дека ќе се пласирам во финале на ЛШ, дека ќе го освојам ФА купот и ќе постигнувам погодоци во ПЛ, ќе го избегнев по секоја цена. Ова беше остварување на сонот…“ – напиша Крауч.

Крауч своите најдобри денови ги помина како играч на Ливерпул, но играше уште и за Тотенхем, Портсмут, Астон Вила, Саутемптон и Стоук. За репрезентацијата запиша 42 настапи и постигна 22 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…