Дома Фудбал Репрезентации Главниот судија Замбрано призна дека Аргентина била оштетена за пенал против Бразил!

Главниот судија Замбрано призна дека Аргентина била оштетена за пенал против Бразил!

Бразил во неделата го победи Перу со 3:1 и така ја освои Копа Америка.

Пред тој натпревар Бразилците играа полуфинале против Аргентина и успеаа да слават со 2:0, но тој натпревар донесе многу контроверзии.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Имено, Аргентинците беа бесни на главниот судија Роди Замбрано бидејќи според нивно мислење не досудил два чисти пенали. Поради тие ситуации Меси после натпреварот јавно зборуваше дека јужноамериканскиот фудбалски сојуз е корумпиран.

Сега, после подолго време се огласи и судијата Замбрано кој објасни што се случило на тој натпревар.

„Судијата во ВАР собата ја прегледа ситуацијата со Отаменди и ми кажаа дека не е чист пенал, туку дека е ситуација 50:50. Не ме советуваа да ја прегледам таа ситуација. Кога видов што се случило, денес тврдам дека требаше да ми кажат да ја прегледам снимката“, изјави Замбрано и така призна дека требало да досуди барем еден пенал за Аргентинците.

Во Бразил се пишуваше дека била изгубена комуникацијата помеѓу ВАР собата и Замбрано, тој тоа го негираше.

„Никогаш не ја изгубив комуникацијата со ВАР собата. Тоа е погрешно. Аргентинците после натпреварот зборуваа дека сум премногу нервозен и дека поради тоа пропуштив да досудам некои работи, но тоа не е вистина“, изјави Замбрано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Нова понуда за Леаo: Гигант нуди 75 милиони евра плус фудбалер

Шансите дека Рафаел Леао ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е факт, меѓуто…