Дома Трансфер зона Јувентус и Рома ја официјализираа трампата

Јувентус и Рома ја официјализираа трампата

Јувентус и Рома официјално ја објавија размената на Леонардо Спинацола и Лука Пелегрини, за која постоеше договор веќе неколку дена.

Спинацола е проценет на 30 милиони евра, додека вредноста на младиот Пелегрини е 21 милион, па „волчицата“ ќе им доплати на „бјанконерите“ уште 9 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата фудбалери вчера успешно ги поминаа лекарските прегледи и ставија потпис на 4-годишни договори.

Спинацола минатата сезона имаше проблем со повредите и одигра само 7 меча за „бјанконерите“ во Серија А.

Од друга страна 20-годишниот Пелегрини важи за еден од најголемите таленти на Апенините.

https://youtu.be/yDHTtNGzvtM

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…