Многу играчи на Реал Мадрид позади себе имаат разочарувачка сезона, а еден од нив секако е Марсело.
Марсело имаше сезона за заборав, често беше на клупата, а притоа доби и неколку килограми вишок.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, Бразилецот ќе направи се за да го импресионира Зидан, па брзо ја врати формата и направи неверојатна трансфермација.
„Би направил било што за Зидан. Многу сум среќен што се врати во Реал Мадрид“, изјави Бразилецот.
Марсело оваа сезона ќе има и голема конкуренција, бидејќи клубот потроши 48 милиони евра за да донесе нов лев бек.