Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Клоп го „краде“ Гризман, Милан го сака Иско, Реал има план за Нејмар

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Клоп го „краде“ Гризман, Милан го сака Иско, Реал има план за Нејмар

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

– Адриен Рабио е многу блиску до трансфер во Јувентус. „Скај Спорт“ тврди дека двете страни постигнале договор за четиригодишна соработка тешка 10 милиони евра по сезона.

– Нејмар и ова лето е една од најжешките теми на трансфер пазарот. Вчера се појави вест дека може да го напушти ПСЖ, а денес медиумите тврдат дека Реал испратил спектакуларна понуда за Бразилецот (повеќе ОВДЕ).

– Манчестер Јунајтед и Кристал Палас се блиску до договро за трансфер на Арон Ван-Бисака. „Црвените ѓаволи“ понудија 62 милиони евра и ќе го направат Бисака најскапиот бек во историјата на фудбалот. (ОВДЕ).

– Барселона и Валенсија постигнаа договор за трансфер на Рафиња Алкантара. „Лилјаците“ за Бразилецот ќе и платат на Барселона 15 милиони евра.

– ПСЖ се вклучи во трката за италијанскиот репрезентативец Николо Барела, меѓутоа Интер останува во пол-позиција за неговиот потпис.

– Интер постигна комплетен договор со Ромелу Лукаку, а Манчестер Јунајтед за неговата слобода бара 75 милиони фунти (ОВДЕ).

– Официјално: Маркос Љоренте премина од Реал во Атлетико Мадрид за сума од 40 милиони евра (ОВДЕ).

– „БОМБА“: Малдини денес отпатува во Мадрид на средба со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. Медиумите тврдат дека главна тема на разговор ќе биде играчот за врска, Дани Себаљос. (ОВДЕ).

– Френк Лапмард до крајот на неделата ќе стане нов тренер на Челзи. Легендата постигна договор со „сините“ за тригодишна соработка, а Дерби ќе добие 5 милиони евра како компензација.

– Официјално: Ибрахим Афелај повторно се врати во ПСВ Ајнтховен. Некогаш големиот холандски бисер доаѓа како слободен агент.

– Новиот тренер на Милан, Марко Џампаоло сака да го донесе на „Сан Сиро“ неговиот миленик Патрик Шик. Рома за неговата слобода бара 30 милиони евра (ОВДЕ).

– Рома како замена за Манолас го сака Марк Бартра, пренесува „Скај Спорт“. Бетис за слободата на дефанзивецот бара 20 милиони евра.

– Официјално: Ерик тен Хаг го продолжи договорот со Ајакс до 2022 година.

– Официјално: Александар Зинченко стави потпис на нов договор и се обврза на верност со Манчестер Сити до 2024 година.

– Јувентус не се откажува од Пол Погба и го потврди интересот за Французинот, кој е на излезна врата од „Олд Трафорд“, но за него силен интерес покажува и Реал Мадрид.

– „Бомба“:Ливерпул е спремен да ја плати откупната клаузула за Гризман и ќе се обиде да го „украде“ Французинот пред носот на Барселона (ОВДЕ).

– Тотенхем е во пол-позиција за потписот на португалската ѕвезда Бруно Фернандеш. Спортинг Лисабон за неговиот потпис бара 70 милиони евра (ОВДЕ).

– „Марка“ тврди дека Малдини пристигнал во Мадрид на средба со Флорентино Перез за да разговара за евентуален трансфер на Иско на „Сан Сиро“.

– Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу потврди дека Осман Дембеле сигурно останува на „Камп Ноу“ следната сезона (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…