Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, во разговор за „Марка“ изјави дека Осман Дембеле сигурно ќе остане на „Камп Ноу“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Францускиот талент изминатите месеци повеќе беше на насловните страни поради недисциплината отколку поради добрите игри.
Поради тоа медиумите шпекулираа дека раководството на Барселона го загубило трпението и дека е спремно да го продаде 22-годишниот Французин.
Дембеле е на мета на неколку европски гиганти, а во последните денови се поврзува со трансфер во Ливерпул, кој наводно е спремен да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис.
Сепак, првиот човекк на Барселона тврди дека Дембеле сигурно ќе остане на „Камп Ноу“.
„Ќе продолжиме заедно и следната сезона. Дембеле не е на продажба“, изјави Бартомеу.