Агентот на Герет Бејл беше категоричен дека неговиот клиент не може да го напушти Реал Мадрид ова лето.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал Мадрид јавно му соопшти на Бејл дека нема да смета на него наредната сезона, но Велшанецот не сака да се откаже ниту од цент од својата голема плата, па одбива да си замине.
Во последниве денови, има информации дека Велшанецот може да се пресели во Баерн Минхен како позајмен фудбалер, но агентот категочно ги негираше таквите тврдења.
„Тоа едноставно не може да се случи. Јас не мислем дека Бејл сака да оди некаде на позајмица. Тој има прекрасен живот и дом во Шпанија. Мислам дека ќе го чини многу да замине, а за позајмица воопшто не размислува“, изјави Џонатан Барнет.
https://youtu.be/pEkJZOEG784