Нема клуб кој во оваа деценија потроши повеќе пари од ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Откако стана сопственик Ал Келаифи многу ѕвезди и некои од најдобрите играчи на светот пристигнаа на Паркот на Принцевите.
Сепак, се чини дека на сопственикот на ПСЖ му досадило однесувањето на неговите фудбалери кои благодарение на огромните примања нивното однесување е под нивото.
На Ал Келаифи очигледно тешко му паднало испаѓањето од Јунајтед во ЛШ и одлучи да го покаже својот авторитет.
Во разговор за Франс Фудбал сопственикот на ПСЖ јасно порача на играчите дека мора да си ја превземат одговорноста, а во спротивно можат да заминат од клубот.
„Не сакам повеќе да се однесуваат како ѕвезди.“ – изјави Ал Келаифи и додаде:
„Играчите мора да ја превземат одговорноста повеќе од сега. Се треба да биде поинаку. Мора да работат повеќе и понапорно. Не се тука да уживаат. Ако не се сложуваат со тоа вратата им е отворена. Чао.“
ПСЖ за сега нема донесено нов играч, а причината за тоа е промената на раководството во клубот. Антеро Хенрих повеќе нема да биде спортски директор, а него го наследи повратникот Леонардо.