Дома Фудбал Останато Постојат докази: Имобиле и Фросиноне вмешани во скандалот со наместени натпревари

Постојат докази: Имобиле и Фросиноне вмешани во скандалот со наместени натпревари

Операцијата „Оикос“ за наместени натпревари, предизвика вистинска бура во Шпанија, медиуми имаа огромни документации кои откриваат актери и детали за наместени натпревари.

Последните информации од Шпанија говорат дека во скандалот е вмешан и италијански репрезентативец и напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, чие име се споменува и во телефонските разговори помеѓу две личности кои беа уапсени во операцијата „Оикос“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од учесниците кажа дека Имобиле редовно илегално се обложувал, а во трнаскриптата која протече, исто така се споменуваат играчи на Фросиноне, кој испадна во Серија Б.

„Категорички негираме било каква вмешаност во наместени натпревари. Имобиле веќе ми кажа да преземам правни мерки против секој кој на ваков начин му штети на неговиот углед, имиџ, и на професионалното достоинство. Ги предупредувам сите да престанат да шират вести кои се лажни и погрдни“, негираше адвокатот на Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…