Aнглија вчера ја победи Швајцарија после изведувањето на пенали и така го освои третото место во првото издание на Лигата на нации.
Медалите Англичаните си ги обезбедија, но не ги добија онака како што очекуваа и како што доликува на едни освојувачи на медал на едно големо натпреварување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голем пропуст направија челниците на УЕФА на последниот ден од финалниот турнир на Лигата на Нации. Место како што е ред да направат свеченост за третопласираните екипи и пред илјада навивачи да им бидат поделени медалите, тие им го скратија тоа задоволство на своите фанови.
Имено, од УЕФА медалите на англиските репрезентативци им ги дадоа во кеса и им било кажано да ги поделат меѓу себе.
Играчите и стручниот штаб на Англија сосема разбирливо биле шокирани кога тоа го слушнале.
Селекторот Саудгејт не го криеше разочарувањето од таквата постапка на Европската фудбалска федерација.
„Се уште не сум го видел медалот. Тоа е навистина иронично. Моравме да играме еден натпревар тука и уште еден за третата позиција и после тоа не ја добивме заслужената и најавената награда онака како што треба пред навивачите на стадионот“, изјави Саудгејт.