Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го „краде“ Гризман пред носот на Барса

Манчестер Јунајтед го „краде“ Гризман пред носот на Барса

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман потврди дека на крајот од сезоната по пет години ќе го напушти клубот.

Веднаш по објавените видео материјали на официјалниот Твитер профил на клубот од Мадрид, медиумите во Шпанија го преселија Гризман во Барселона. Интерес на Каталонците реално постои, но проблемот се појави во соблекувалната на тимот, бидејќи Меси и друштвото наводно не сакаат „разгален“ играч меѓу нив.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ернесто Валверде потврди дека Барселона го сака Гризман, но дека ќе донесе конечана одлука по неколку недели. Наводно, Французинот е нетрпелив и не сака да дозволи подоцна да пристигне на припремите на новиот клуб, па во приказната се приклучи Манчестер Јунајтед.

Англискиот гигант е спремен да ја плати откупната клаузула и наводно веќе стапил во контакт со неговите агенти, само прашање е дали напаѓачот ќе се задоволи со играње во Лигата на Европа следната сезона.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус почна преговори со Зиркзе

Јувентус во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а прва желба е играчот на Манч…